Утрински Весник
Свет

11 години по исчезнувањето почна нова потрага по авионот на „Малезија ерлајнс“

Malaysia Airlines 556u.jpg

Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна со 239 луѓе во 2014 година, продолжи по речиси 11 години.

Патничкиот авион исчезна на несреќниот лет MH370 на 8 март 2014 година додека летал од главниот град на Малезија, Куала Лумпур, за Пекинг.


Исчезнувањето на Boeing 777 без трага претставува една од најголемите мистерии во историјата на авијацијата.

Денес, 11 години подоцна, компанијата Ocean Infinity почна нова потрага во Индискиот Океан во близина на брегот на Перт.

Австралискиот медиум 9 News објави дека бродот „Armada 7806“ во текот на викендот пристигнал на дестинацијата за пребарување, која се наоѓа на речиси 1.500 километри од брегот на Перт.

Потрагата ќе опфати површина од 15.000 квадратни километри во следните 6 недели.

Малезискиот министер за транспорт, Ентони Лок, во декември минатата година потврди дека Ocean Infinity ќе почне потрага според договорот што го поврзува плаќањето исклучиво со пронаоѓање на остатоците од авионот.

Доколку ги пронајде остатоците, на компанијата ќе ѝ бидат исплатени 70 милиони долари, во спротивно нема да добие надомест за пребарувањето.

Можете да прочитате

Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не започнува трговска војна со ЕУ, туку со Кина

Поради високите цени на јајцата, американците изнајмуваат кокошки

Москва: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина