Утрински Весник
Свет

Урнати големи делови од кампот Џенин, 40.000 Палестинци ги напуштиле домовите

Izrael.webp.webp

Израелски булдожери демолираа големи делови од бегалскиот камп Џенин, а повеќе од 40,000 Палестинци ги напуштија своите привремени домови во кампот и блискиот град Тулкарм на северниот дел на Западниот Брег, откако Израел ја почна својата операција еден ден по постигнатото примирје во Газа.

– Џенин е повторување на она што се случи во Џабала, бегалски камп во северниот дел на Газа, кој беше целосно уништен од израелските сили по неколку недели жестоки борби.


Кампот стана непогоден за живеење, изјави портпаролот на општина Џенин, Башар Матахен. Матахен изјави дека најмалку 12 булдожери биле ангажирани во уривањето на куќите и инфраструктурата во кампот.

Израелската војска сè уште не коментираше, но израелскиот министер за одбрана Израел Кац завчера им нареди на војниците да се подготват да останат таму, велејќи дека камповите се расчистени „за следната година“ и оти на жителите нема да им биде дозволено да се вратат.

Можете да прочитате

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години

Речиси половина од Германците се против формирање влада на AfD во Саксонија-Анхалт