Утрински Весник
Свет

Почина американската пејачка Роберта Флек

1278930.jpg

“Со скршено срце објавуваме дека убавата Роберта Флек почина утрово, на 24 февруари 2025 година. Почина мирно, опкружена со семејството. Роберта ги поместуваше границите и соборуваше рекорди. Таа беше и горда воспитувачка“, се вели во соопштението на нејзините претставници, пренесува Variety.

Во 2022 година, пејачката откри дека боледува од АЛС (Амиотрофична латерална склероза), позната и како болест на Лу Гериг, што ја принуди да се повлече од музичката сцена.


Нејзината песна „The First Time Ever I Saw Your Face“ стана хит откако беше вклучена во филмот на Клинт Иствуд од 1971 година. Во текот на својата кариера, Флек освои пет Греми награди, како и награда за животно дело во 2020 година.

„Ја сакам врската со другите уметници затоа што ја разбираме музиката, ја живееме музиката, тоа е нашиот јазик. Без оглед на предизвиците што ги носи животот, јас сум дома со моето пијано, на сцената, со мојот бенд, во студиото, слушајќи музика. Тоа е мојот пат“, изјави таа во едно од своите интервјуа.

Можете да прочитате

Марко Рубио ќе биде претставник од САД на разговорите в четврток во Турција меѓу Украина и Русија

„Мајкрософт“ ќе отпушти три отсто од вработените

Келог: Ако Путин дојде во Истанбул, доаѓа и Трамп