Утрински Весник
Свет

Санчез: Шпанија годинава ќе и обезбеди на Украина воена помош во висина од една милијарда евра

20250224143024 Big 730x400 31.webp.webp

Шпанија годинава ќе и обезбеди на Украина нов пакет воена помош во вредност од една милијарда евра, соопшти премиерот Педро Санчез.

Санчез е во Киев, каде што учествува на меѓународната средба по повод тригодишнината од руската инвазија на Украина.


Новата помош е дел од десетгодишниот билатерален договор за безбедност и одбрана меѓу Киев и Мадрид, кој беше потпишан во мај минатата година, се наведува во соопштението од кабинетот на Санчез.

И Шпанија минатата година испрати воена помош за Украина во вредност од една милијарда евра.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно“, рече Санчез пред лидерите кои учествуваа на меѓународниот состанок и ја истакна потребата и украинската влада и претставниците на ЕУ да учествуваат во мировните преговори со Москва.

„Ништо за Украина без Украина и ништо за европската безбедност без Европа“, нагласи Санчез.

По тригодишни напори на САД да ја казнат и изолираат Москва за време на Џо Бајден, претседателот Доналд Трамп презеде брза акција за да ги поправи врските со рускиот претседател Владимир Путин.

Можете да прочитате

Почина американската пејачка Роберта Флек

Ужас во Франција: Лекар силувал и сексуално злоставувал 299 деца во текот на три децении

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во наредните денови