Утрински Весник
Македонија

Просечната плата за декември изнесува 43578 денари, за една година се зголемила за 9 отсто

Pari 5 Scaled 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43 587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9.0 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.2 %), Транспорт и складирање (12.3 %) и Рударство и вадење на камен (12.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.4 %), Административни и помошни услужни дејности, Градежништво (7.0 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.6 %).


Просечната бруто-плата во декември 2024 година изнесувала 65 582 денари.

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје