Утрински Весник
Македонија

Меџити: Ќе создадеме илјадници работни места за Албанците

20250221081943 Big 730x400 94.webp.webp

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, даде силно ветување за вработување на Албанците во државната и јавната администрација. На партискиот настан по повод основањето на огранокот на Демократското движење во Шуто Оризари, Меџити истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански политички субјекти.

„За прашањето на вработувањата, за една година ќе направиме онолку вработувања колку што тие направија за два мандати, осум години во Владата. Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата”, изјави Меџити.


Тој додаде дека Демократското движење е посветено на обезбедување поправично и подостоинствено претставување на Албанците во државните институции, создавајќи конкретни можности за вработување и професионален развој.

Можете да прочитате

УК за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор

Охридски локал служел алкохолни пијалоци на 16 малолетници

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на пуленот на ДУИ немаат крај