Утрински Весник
Свет

Г20 во Јоханесбург: Украина, Блискиот Исток и глобалните реформи во фокусот

G20.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министрите за надворешни работи на групата Г20 денеска се собраа во Јоханесбург, каде ќе одржат дводневен состанок, јави ДПА.

Главни теми на агендата се конфликтот на Блискиот Исток и војната на Русија во Украина. Сепак, земјите во развој, како Јужноафриканската Република , Бразил и Индија, се фокусирани на прашањата за реструктурирање на глобалните институции, адаптацијата кон климатските промени и поправедниот економски развој.


Русија ќе биде претставена од министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, додека од Кина се очекува присуство на министерот Ванг Ји. Од САД ќе присуствува дипломат од американската амбасада, бидејќи државниот секретар Марко Рубио ја откажа посетата поради спор со Јужноафриканската Република околу законот за експропријација на земјиште.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, ќе биде претставена од службеник од германското Министерство за надворешни работи.

Г20 обединува 19 земји, Европската Унија и Африканската Унија, претставувајќи околу 80 отсто од светската популација и повеќе од 85 проценти од глобалната економска моќ.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп