Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Хистерија е нивото на СДС, во ПЕТ центарот двојно се намалени листите на чекање

Vmro 1.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Срамно е СДС да зборува за пациентите за кои не само што ништо не презема, туку ги лечеше со вода и остави листи на пациенти кои со години чекаат токму за ПЕТ скен.


За разлика од нивното невнимание и негрижа денес овие листи се двојно намалени од раководството на ПЕТ центарот.

Сакајќи да направат хистерија и недоверба во јавното здравство, зачудува фактот што СДС не знае основни процедури поврзани со овој апарат.

Станува збор за редовен сервис за промена на хепа филтри кои покажале заситеност и без кои процесот не може да тече, а за секоја промена законски мора да се направи реквалификација на чистите соби во одделот за производство на радиоизотопи и синтеза на радиофармацевтици, а истовремено оваа процедура е неопходна за воведување нова метода во интерес на пациентите со цел зајакнување на дејноста.

Истовремено оваа процедура е неопходна за воведување нова метода во интерес на пациентите со цел зајакнување на дејноста.

Од страна на новото раководство на ПЕТ центарот, веднаш беше направен нов динамичен план за надминување на затекнатиот проблем со листи на чекање во оваа установа.

Сега листите на чекање се двојно намелени за разлика од претходно.

Можете да прочитате

Апелација ја потврди двегодишната казна за Менсур Пајазити – Семејството на Теодора: „Ова е срам за правдата“

Здравствени екипи ќе вршат прегледи за жителите на Трубарево

СДСМ: Со Мицкоски нема судски реформи, неговата цел е партизирано судство