Утрински Весник
Свет

Макрон разговараше со Трамп пред состанокот во Париз

Ss 27.webp.webp

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп пред вонредниот европски состанок за Украина во Париз, но од кабинетот на Макрон не сакаа да откријат детали од разговорот.

Макрон денеска ги покани лидерите на Европската унија и на Обединетото Кралство во Елисејската палата на разговори за тоа како да одговорат „на американскиот дипломатски напад врз Украина“.


Елисејската палата соопшти дека состанокот е неформален и ќе се одржи попладнево, а на него ќе присуствуваат лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран