Утрински Весник
Македонија

Нивото на Охридското Езеро 23 сантиметри под просекот за февруари

Ohrid1 1.jpg

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,16 метри надморска височина или 23 сантиметри под просекот за февруари, шест сантиметри над дозволениот минумум.

Неповолните временски услови со малку врнежи дополнително придонесуваат за нискиот водостој. На почетокот на декември минатата година нивото на водата во езерото беше спуштено дури два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри.


Промените во водостојот на езерото најмногу се манифестираат во крајбрежниот појас, што според експертите е најважниот дел од езерскиот еко-систем.

Можете да прочитате

Професорот Горан Марковски: Во „Пулс“ не биле почитувани ниту стандарди, ниту процедури за безбедност

Костадиновска-Стојчевска : Разрешувањето на Љутков е признание на власта дека ја уништи културата

Тешко повреден жител на Миладиновци починал на Клинички, паднал од тераса на куќа