Утрински Весник
Економија

Николоски: Градежништвото ќе биде двигател на економскиот раст

20250217074815 Big 730x400 70.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.   

” Ние очекуваме градежништвото да биде главен двигател на економскиот раст, очекуваме оваа година Македонија да е најдобра по раст во целиот регион и тука да помогнеме со инвестициите во градежништвото. Очекуваме да отвориме 67 километри фронт за нови автопатишта на делниците на коридор 8 и 10 д. Ќе се работи на Прилеп-Битола, на Тетово-Гостивар и Гостивар –Букојчани. Исто така до почетокот на летната сезона да пуштиме во употреба автопат од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај селото Ботун. Очекувам да го пуштиме во употреба и вториот дел од експресниот пат Прилеп –Градско, претходоно го пуштивме од Градско до Дреново и имавме една уникатна ситуација која се нема видено во регионот, а тоа е во рок од две недели успеавме да пуштиме три делници и тоа 42 км експресни патишта и 31 км пруга.  


Јас силно верувам дека градежништвото и делот на нискоградбата ќе помогне во економскиот развој затоа што многу сектори врзува околу себе и тоа е нешто на што ќе работиме во наредниот период.”- изјави вицепремиерот Николоски.  

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна