Утрински Весник
Македонија

Гешоска: Мора да излеземе од апатичниот комфорт на социјалните мрежи за да ги промениме работите

02 Intervju So Iskra Gesovska.jpg

Клучна работа е како да ѝ се вратиме на агората, како да се убедиме дека агората е таа што е важна, дека агората менува, изјави Искра Гешоска, директорка и програмски уредник на КРИК – Фестивал за критичка култура и на Контрапункт во интервју за Рацин.мк.

Таа вели дека социјалните мрежи можат да бидат мал поттик, но дека тие не се местото каде што се случува револуцијата.


„Социјалните мрежи можат да бидат мал поттик, а да не збориме дека социјалните мрежи, ќе бидам адвокат на ѓаволот, дека нив ги поседуваат оние против кои се бориме. Тоа никако не смееме да го заборавиме и да го имаме на ум и тоа да биде еден од моделите на оптор“ вели Гешоска.

Таа во интервјуто за Рацин.мк истакнува дека низ вековите имало начини како луѓето да се организираат и да организираат посериозни револуции, без помошта на социјалните мрежи.

„Мора да рзбереме дека треба да излеземe повторно од тој комфорт, апатичен. А да не зборуваме за сите психо-социјални проблеми што ги создаваат во една личносна структура социјалните мрежи. Мора од таму да се излезе, таму се сите некако храбри“, потенцира Гешоска во интервјуто за Рацин.мк.

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат