Утрински Весник
Македонија

Дурмиши се сретна со трговците, конечна одлука за мерките ќе има следната недела

1 29.jpg

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и претставници од Комисијата за заштитa од конкуренција денеска одржаа состанок со претставници на најголемите трговски ланци и дистрибутери во државата.

„На состанокот се разговараше за предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа на 10% во трговија на големо и 10% во трговија на мало на дел од основните прехранбени производи и средства за хигена.


Трговците и диструтерите дадоа свои предлози и забелешки кои Министерството за економија и труд дополнително ќе ги анализира“ се наведува во соопштението на Министерството.

На состанокот било договорено конечната одлука да се донесе во текот на следната недела.

Можете да прочитате

Законот за игри на среќа се носи шверцерски без дебата за туѓи профити и монополи

ТХП: Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

Мицкоски против земјоделците – пак го спаси Трипуновски од одговорност