Утрински Весник
Свет

Трамп за денеска најави средба меѓу руски, украински и американски претставници

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп најави синоќа „состанок во Минхен в петок, на високи претставници од Русија, Украина и САД“.

Во Минхен денеска почнува меѓународната безбедносна конференција и ќе трае до 16 февруари. Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека „Русите таму ќе се состанат со луѓе од нашата земја. Поканета е и Украина. Не знам точно кој ќе ја претставува секоја земја, но тоа ќе бидат високи претставници од Русија, Украина и САД”.


Киев објави дека не размислува за учество на состанокот во Минхен со руски претставници што го најави Трамп. „Договорен заеднички став (со сојузниците на Киев) мора да биде на маса за разговори со Русите. . . Засега нема ништо на маса. Разговори со Русите не се планирани“, изјави Дмитро Литвин, советник на претседателот Володимир Зеленски.

Можете да прочитате

Голем шумски пожар во Андалузија уништи над 3.600 хектари, во гаснењето вклучена и војската

Визни забрани и безбедносни инциденти фрлија сенка врз Светското првенство 2026: ФИФА под критики поради молкот

Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин