![](https://utrinskivesnik.mk/wp-content/uploads/2024/12/arben-taravari-1-scaled-1-1024x715.jpg)
Али Ахмети ја преполни чашата! Време е за оставка! “. Ова барање го упати еден од лидерите на ВРЕДИ, Арбен Таравари. Преку фејсбук објава тој бара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети од политичкиот живот поради, како што вели, злоупотреба на власта и богатењето на негово семејство. Ги наброи овие аргументи според кои, како што напишал Таравари, ја праваат итна оставката.
Злоупотреба на власта што доведува до нечесно богатење на него и на членовите на неговото семејство;
Со децении држење на народот во заложништво со формулата „кај нас – вработен си, против нас – уништен“ или заминеш во печалба;
Водач на политичка група, кој во моментов е обвинет за тешки корупциски злосторства;
Близок соработник со повеќе лица, кои се меѓународно барани;
Драматична штета по животот на луѓето, особено на Албанците…“
Кога Таравари го објави ова, во живо на интервју во Дејли Клик на ТВ21, беше потпретседателот на ДУИ, Бајрам Реџепи. Ваквите обвинувања ги нарече смешни констатации.
Сега гледам дека Таравари побарал оставка од претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што вели, поради злоупотреба на власта и богатењето на членовите на неговот семејство.
Не би сакал да ги коментирам ваквите отворени политички изјави. Апсолутно невистинити. Гледајте, земајте и истражувајте ги сите тие упатени обвинувања, ќе видите дека резултираат со смешни констатации. Апсолутно не се вистинити. Не би сакал да коментирам вакви работи.“, рече Реџепи.
Барањето на Таравари за оставка на Ахмети беше проследено со лавина реакции и од други функционери на ДУИ.
Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, го нарече Таравари спин-доктор на Мицкоски. Воедно го обвини дека албанска партиска фракција ја претворил во огранок на ВМРО-ДПМНЕ. Адеми воедно напиша дека Таравари откако ги загубил печатите и законитоста и лажно се нарекува претседател на тој субјект, бара оставка од Али Ахмети – правени лидер, избран од партиските органи и легитимен претставник на Албанците.