Утрински Весник
Македонија

Владата утре ќе ги замрзне маржите на околу 100 групи производи

Super Market 1 1 1.jpg

Владата на утрешната вонредна седница ќе донесе одлука за ограничување на трговските маржи на 10% во продажбата на големо и мало.

„Предлогот го имам веќе во работна верзија, во текот на денот ќе се усогласува и очекувам на итна седница во текот на утрешниот ден истиот да биде донесен и да биде спроведен од страна на супермаркетите или хипермаркетите. Маржата малопродажна и големопродажна се ограничува едната на 10 и другата на 10% и очекувам тука да има драматично намалување на цените на оние производи кои вистински ги користат граѓаните“ изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.


Мерката ќе стапи во сила веднаш по објавување во службен весник и ќе важи до крајот на април.

Можете да прочитате

Филипче: Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски

„Преку езерото”: Филмот „Кома” на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи  

Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор