Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд му даде рок од шест месеци на Собранието да ги коригира слабостите во Кривичниот законик

Darko Sud Ustaven.jpg

Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе одлука да започне постапка за оценување на уставноста на Законските измени и дополнувања на Кривичниот законик, кои беа донесени од Собранието. Судот изрази сериозни сомнежи дека некои од овие измени може да бидат во спротивност со темелните вредности на уставниот поредок и со принципите на владеење на правото, како и со гарантираната уставна заштита за еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите.

Судот ја истакна потребата за внимателно разгледување на овие измените, бидејќи тие би можеле да предизвикаат нееднаквост во казнената политика, што не е во согласност со уставните норми. Исто така, судот изрази сомнеж и за формалниот аспект на донесувањето на овие измени, односно за процедурата што ја користело Собранието при носењето на законските измени, поради употребата на европско знаменце без оправдана деловничка цел за тоа.


Како резултат на ова, Уставниот суд испрати Известување до Собранието, барајќи од него да интервенира и да ги коригира спорните законски одредби во рок од шест месеци. Ако Собранието не постапи по овие насоки, судот ќе премине во следната фаза од постапката и ќе донесе конечна одлука, која може да има укинувачки или поништувачки карактер во зависност од тежината на повредата.

Судот ја има предвид и можноста за настанување правна празнина и евентуални последици за кривичните постапки, ако се донесе конечна одлука која ќе влијае на примената на казнените одредби. За да се избегнат вакви последици, Уставниот суд се обрати до Собранието за да ги коригира законот пред да донесе конечна одлука.

Можете да прочитате

Со ограничување на маржите се доведува во прашање опстанокот на 80 трговци со 5.000 работници – предупредување од Стопанска комора на трговци на мало и на големо

Шест години од автобуската несреќа кај Ласкарци – загинаа 16 лица

Отворен Иноваториум – Клуб за напредни знаења и вештини