Утрински Весник
Македонија

Врнежи од слаб снег на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, сообраќајот се одвива во зимски услови

Soobrakaj Sneg 1.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.


Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Со ограничување на маржите се доведува во прашање опстанокот на 80 трговци со 5.000 работници – предупредување од Стопанска комора на трговци на мало и на големо

Шест години од автобуската несреќа кај Ласкарци – загинаа 16 лица

Отворен Иноваториум – Клуб за напредни знаења и вештини