Утрински Весник
Македонија

Судот донесе одлука: Зијадин Села е претседател на АА

Sela.jpg

Основниот суд во Тетово одлучи претседател на Алијансата за Албанците да биде Зиадин Села.

„ВО судски регистер на Политички партии под РПП.бр.1/24 што се води пред Основен суд во Тетово се запишува: Промена на Претседателот, во иднина за Претседател на партијата се именува Зијадин Села ул. Ливада бр. 1 од Струга, наместо на досегашниот претседател на партијата Арбен Таравари од Гостивар ул. Борче Јованоски бр. 66“, се вели во одлуката.


Според оваа одлука, печатите на партијата се пренесуваат на Зиадин Села.

„Па судот од овие причини го прифати предлогот за разрешување на Претседателот на партијата Арбен Таравари од Гостивар“, се додава во одлуката.

Таравари има право на жалба на одлуката до Апелациониот суд во рок од 15 дена.

Можете да прочитате

Владата предводена од ВЛЕН продолжува со решавање на клучните проблеми во општините

Граѓанската волја не се поништува: ДОМ ја осудува несериозната закана на Мицкоски

Осум активни пожари низ државата