Утрински Весник
Македонија

Пратениците од ЗНАМ не поддржуваат намалување на патните трошоци

Logo Na Sina Osnova Dvizhene Znam Za Nasha Makedonija 570x360 1.png

Пратениците од движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, нема да гласаат за намалување на патните трошоци. Тие сметаат дека Левица прави популизам, со оглед дека со законското решение е само сопствена промоција.

Пратениците од ЗНАМ не наплаќале и нема да наплаќаат патни трошоци. Само еден колега има добиено 30.000 денари, за амортизација, гориво, патарини. Нашиот став за предлогот на Левица, останува принципиелен, ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и креирање на театар за секоја тема. Отворени сме за конструктивен процес на преговори, за сите прашања, со сите пратенички групи, за да се дојде до најдобро решение“, рече Даниела Белимова, пратеник од ЗНАМ.


Според неа, Левица не е решение на проблемот туку таа создава проблеми. На прашањето дали лично смета дека патните трошоци треба да се намалат, Белимова рече: „Ние секој предлог го прифаќаме, како пратеничка група да седнеме на маса со другите пратенички групи, да договориме општо прифатливо“. На прашањето што е тоа „општо прифатливо“, дали се ниски или високи патните трошоци, таа немаше одговор и го повтори истото: „Кога ќе седнеме на маса, ќе изнајдеме решение“.

Можете да прочитате

Филипче: ДДВ за струја за домаќинствата да се намали од 18 на 5 проценти

Битиќи: Странските инвеститори си заминуваат, Владата со хартија гаси пожар

Со ограничување на маржите се доведува во прашање опстанокот на 80 трговци со 5.000 работници – предупредување од Стопанска комора на трговци на мало и на големо