Утрински Весник
Македонија

10 години од пленумската окупација на УКИМ во Скопје

16316013188 2a17e1ab0c B.jpg

Денеска се навршуваат 10 години откако студентите го окупираа Универзитетскиот кампус во Скопје и ја прекинаа наставата прво на Филозофскиот, а потоа и на останатите факултети.

Поради незадоволството од тогашниот закон за високо образование, на 11 февруари 2015 година, поголема група студенти се собра на платото на универзитетот и со истакнување на паролите „Автономна зона” и „Универзитетот е наш” уште еднаш ги искажаа своите барања и ставови во врска со законот, за кој побараа целосна ревизија и изготвување на нов закон.


Тие, откако ја прогласија „Автономната зона”, влегоа во аулата на Филозофскиот факултет, каде заедно со професорите ја испеаа „Вива ла академија” и симболично го зазедоа факултетот, а потоа беа зеземени и другите факултети што се наоѓаат во склоп на кампусот на УКИМ.

Студентите со себе носеа храна, пијалоци, овошје и вреќи за спиење бидејќи, како што најавија, окупацијата ќе трае до целосно исполнување на нивните барања и изготвување нов закон за високо образование.

Тие сметаа дека отстапката на тогашниот премиер Никола Груевски за одложување на примената на измените е недоволна и изнудена од актуелната политичка ситуација.

,,Ние баравме одложување најмалку до 2018 за да има доволно време да се изготви нов закон за високо образовнаие, кој ќе ги отсликува реалните потреби на студентите. Пленумот мора да биде активно вклучен во овој закон за да влијаеме во студенската перспектива. Тој треба да ја уништи корупцијата и дискриминацијата на универзитетот, да ги укине непотребните давачки за студентите, да обезбеди доволно средства за научна работа и друго…“, рекоа тогаш од Пленумот.

Илјадниците студенти, коишто за првпат се обединија во толкав број, тогаш добија поддршка од професорите, интелектуалци, како и од студенти од други земји.

Редакција Трн

Можете да прочитате

Проф. д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

Утре или најдоцна задутре Министерството за економија треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци