Утрински Весник
Македонија

Средба на Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет

11022025 1.jpeg

Продлабочувањето на економската соработка е во фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Австралија. Во таа насока, тој вчера оствари средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на економските односи меѓу двете земји, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за соработка во областите на енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.


„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Владата на Република Северна Македонија се силно посветени на привлекувањето нови странски инвестиции. Стабилната бизнис-клима и силната поддршка за странските и домашните компании ја прават нашата држава атрактивна дестинација за инвестирање, не само во регионот, туку и во Европа”, истакна министерот Муцунски.

Притоа, тој нагласи дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите во понатамошниот развој на билатералната соработка меѓу двете земји.

Можете да прочитате

Уапсениот директор оди 30 дена во притвор

Ограбена златара во Тетово – 24info.mk

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра