Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши иладници евра за лајкови, над 60.000 евра потрошил само тој досега

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши илјадници евра месечн за лајкови на Фејсбук. Додека граѓаните едвај преживуваат во услови на енормни поскапувања, додека нема пари за поголеми плати и додека нема лекови, Мицкоски троши илјадници евра на Фејсбук за лајкови.


Само една од неговите реклами чини 600 евра – сума поголема од минималната плата што самиот им ја „препорачува” на граѓаните како доволна за цел месец.

Трошоците во изминатиот период покажуваат дека Мицкоски потрошил над 60.000 евра за рекламирање на Фејсбук.

Овој расипнички однос е доказ за огромното лицемерие и аздианост на оваа власт.

На Мицкоски приоритет му се лајкови на неговите слики и видеа на Фејсбук, додека народот се бори како да го истурка месецот.

Ваквиот однос само потврдува дека за оваа власт граѓаните се на последно место.

Можете да прочитате

Проф. д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

Утре или најдоцна задутре Министерството за економија треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци