Утрински Весник
Македонија

Дебата за „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција – предизвици и можности“

Ai.webp.webp

Дигиталната трансформација и вештачката интелигенција (ВИ) сè повеќе стануваат клучни фактори за развојот на економијата, образованието, правото и општеството во целина.

Фондацијата Конрад Аденауер организира настан „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција – предизвици и можности„ што ќе се одржи денеска во Клубот на новинари Скопје со почеток во 14:00 часот.


Како што информираат од Фондацијата „Конрад Аденауер“, на настанот ќе се дискутира за најновите трендови, можностите за развој, како и предизвиците што ги носи оваа технолошка ера, поаѓајќи од правните и етичките аспекти поврзани со употребата на ВИ, како и можностите што ги нуди вештачката интелигенција во образованието и медиумите

Настанот ќе го отвори Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и Даниел Браун, официјален претставник на фондацијата Конрад Аденауера учество со свои излагања ќе имаат Александар Спасеновски  Професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје, Драган Секуловски, Директор на Здружението на новинари, Сашо Кокаланов, Вонреден Професор на Факултетот за драмски уметности -Скопје, Иван Јованов, Извршен директор ЛЕАД и Перица Сарџоски, Директор за настава и соосновач на Пегасус ЕЛС, Тетово.

Можете да прочитате

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

Мециновиќ Владата ја гарантира „шансата да изгубиш сѐ” –  коцкањето станува јавно-здравствена криза

На в.д. претседателот на Основниот суд Гостивар одземен му е пасошот