Утрински Весник
Македонија

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Ojo.webp.webp

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Откако месецов неовластено заради продажба од засега непознато лице набавил наркотична дрога – хероин и марихуана, тој заради продажба ги држел, ги мерел, ги дробел и ги препакувал во својот дом на улицата “Васил Ѓоргов” во Скопје.


На 7 февруари, при претрес во домот му биле пронајдени две пакувања марихуана со вкупна нето маса од 35,46 грама, како и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето маса од 13,49 грама. Во станот биле пронајдени и апарат за мелење шеќер на кој има остатоци од кокаин и хероин, бидејќи го користел за дробење и ситнење на дрогата во прашкаста материја, дигитална вага на која ги мерел наркотичните дроги, како и други предмети со траги од дрога кои ги користел за мешање.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото, но и да ја попречува постапката со влијание врз сведоци и евентуални соучесници, соопштија од Обвинителството.

Можете да прочитате

Проф. д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

Утре или најдоцна задутре Министерството за економија треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци