Утрински Весник
Македонија

Работник од Бангладеш загина во Кратовско

Policija Lenta.png

Триесет и петгодишен работник од Бангладеш загинал додека извршувал работни задачи во кратовското село Кетеново.

На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото“, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.


Лекар констатирал смрт, а за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Немам верба во државата – Таткото на судијата Ристов објасни зошто ги криел 350.000 евра во ѕид

10 возачи приведени, девет возеле без положен возачки испит

ВЛТ терминалите никогаш не проработеле – се чекале дозволи од УЈП и Министерството за финансии