Утрински Весник
Свет

ЕУ проверува дали ,,Шејн” продава нелегални продукти

Shejn.jpeg

Европската комисија денеска испрати барање до интернет платформата за онлајн трговија „Шејн“ за доставување подетални информации за „ризиците поврзани со присуството на нелегални содржина и стоки на нејзиниот пазар“, како и за транспарентноста на нејзините системи за препораки за корисниците. 

Покрај ова, Комисијата бара од „Шејн“ да и обезбеди и детални информации за мерките што ги има преземено за ублажување на ризиците поврзани со заштитата на потрошувачите, јавното здравје и благосостојбата на корисниците, како и за заштитата на нивните лични податоци. 


„Шејн“ мора да и ги достави бараните информации на ЕК најдоцна до 27 февруари и врз основа на проценката на добиените одговори Комисијата ќе решава за следните чекори.  

Доколку се потврдат сомнежите на ЕК, таа може да покрене формална постапка против „Шејн“ во согласност со член 66 од Законот да дигитални услуги на ЕУ, поради прекршување на неговите одредби. 

Против „Шејн“ во тек е истрага што ја води европската Мрежа за заштита на потрошувачите во координација со ЕК, насочена кон проверка на усогласеноста на онлајн платформата со обврските од законодавното на ЕУ за правата на потрошувачите. 

Европската комисијата вчера промовираше сеопфатен Инструмент за безбедна и одржлива е-трговија, кој треба да овозможи справување со предизвиците со кои се соочува ЕУ при увозот на стоки со мала вредност од трговци од земји кои не се членки на Унијата, како и да обезбеди спроведување на одредбите од Законот да дигитални услуги кои се однесуваат на онлајн трговијата.

Можете да прочитате

Папата Франциско: Политиката на Трамп кон мигрантите ќе заврши лошо

Тоскана ја легализира евтаназијата – 24info.mk

Морето во Измир се повлече повеќе од 200 метри