Утрински Весник
Македонија

Димитриеска Кочовска на средба со ЗЕЛС

Dimitrieska Kocoska Ministerka.jpg
Dik 300x250 mk

Управниот одбор на ЗЕЛС денеска одржа средба со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, при што теми на разговорот беа договорот со Светската банка, блок дотациите во образованието, како и прашањето во врска со унгарскиот кредит.

Министерката Димитриеска Кочоска денеска за време на средбата посочи дека мотивот е пред се, договорот со Светска банка, кој е поврзан со енергетската ефикасност на јавните објекти. Потсети дека договорот е потпишан во 2001 година и се уште трае, но со забавена динамика, а таа ќе направи напор да се забрзаат работите.


-Сметам дека Министерството за финансии треба да биде во постојана комуникација со ЗЕЛС и со општините. Ние како Министерството, на дневна основа комуницираме преку трезорот, но сепак треба да се слушнат и одредени проблеми кои што ги имаат градоначалниците во рамки на нивните општини, да се најдат заеднички решенија за одредени проблеми. Мотивот поради кој денес сум тука пред се, беше договор кој што имаме со Светската банка и е поврзан со енергетската ефикасност на јавните објекти. Договорот е потпишан во 2021 година, се уште трае, но беше со забавена динамика. Како министер, направив поголем притисок да се забрзаат работите, но се уште не одат со тоа темпо со кое јас би сакала да одат, рече Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека веќе е потпишан договор со една институција која дава поволни кредити, со кои треба да се инвестира во јавни објекти, со цел заштеда во енергијата, но и обезбедување на почиста животна средина, односно помало загадување.

-Токму од таа причина оставив шест месеци, да видам како ќе се движат работите околу овие проекти. Денеска седнавме да разговараме, во однос на проектот за кој издвојуваме околу 250 милиони евра од буџетот, рече Димитриеска Кочоска.

Можете да прочитате

Хорор во Кавадарци: Осуммина насилници упаднале во домот на сограѓанин, му искршиле се и ги претепале него и сопругата

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

Уапсени две лица од Крушево за поткуп при избори и гласање