Утрински Весник
Македонија

Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии

Zels.webp.webp

Управниот одбор на Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе ја одржи 24 седница, на која на покана од ЗЕЛС ќе присуствува и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Како што соопштија од ЗЕЛС, во согласност со новиот Меморандум за соработка потпишан меѓу Владата на РСМ и ЗЕЛС (август, 2024 година) ќе се дискутира за натамошниот развојот на фискалната децентрализација во нашата земја, за можностите за јакнење на финансиската стабилност на општините и за потребата од ревидирање на методологиите за распределба на блок дотациите што централната власт им ги префрла на општините за спроведување на одредени надлежности, меѓу кои за: образованието, за градинките, за противпожарната заштита и друго.


Управниот одбор на ЗЕЛС на оваа седница ќе дискутира и за други актуелни прашања во локалната самоуправа.

Можете да прочитате

Кампањата против предметите на СЈО е операција за враќање на Груевски, велат од СДСМ

ДУИ бара кривична одговорност од Филков

Измамена тетовка, дала капар за имот во странство па останала и без пари и без имот