Утрински Весник
Македонија

Партија за движење на Турците – ТХП: “Итни реформи во МРТВ!”

Thp Logo 2 Rgb M.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на ТХП:

Во извештаите на Европската комисија постојано се забележуваат недостатоци во функционирањето на јавниот радиодифузен сервис. И покрај сите ветувања, состојбата продолжува да се влошува, а гледаноста и довербата во МРТВ постојано опаѓаат. Затоа апелираме до надлежните конечно да започнат со сериозни реформи во МРТВ, со што ќе се овозможи демократизација и нормално функционирање на јавниот сервис.


Неопходно е итно да се преземат мерки за обезбедување достојни услови за професионално работење и на програмата на турски јазик, кои со години се соочуваат со недостаток на кадар, техничка опрема и јасен финансиски план за создавање соодветни програмски содржини според современите стандарди. Истите проблеми ги имаат и програмите на другите немнозински заедници, што ја нагласува потребата од системски пристап кон решавањето на овие предизвици.

Реформата на МРТВ е подеднакво важна како и реформите во сите други клучни области!

Можете да прочитате

Проф. д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

Утре или најдоцна задутре Министерството за економија треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци