Утрински Весник
Свет

Трамп воведува санкции врз Меѓународниот кривичен суд

20250207061336 Big 730x400 28.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се предвидуваат санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Извршната наредба на Трамп го обвинува МКС за „нелегитимни и неосновани дејствија насочени против САД и нејзиниот близок сојузник Израел“ и за злоупотреба на нејзините овластувања со „издавање неосновани налози за апсење“.


„МКС нема јурисдикција во САД или Израел“, се вели во декретот, додавајќи дека судот направил „опасен преседан“ со своите постапки против двете земји.

Според американскиот печат, станува збор за мерки насочени кон личните финансии и визите на лицата поврзани со постапките што ги започна МКС.

МКС посебно издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој беше примен од американскиот претседател во вторникот. 

Можете да прочитате

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара

Спречен терористички напад во Турција

Унгарија: Воениот заем на ЕУ за Украина нема да донесе мир