Утрински Весник
Македонија

„Есмералда“ вечер во Националната опера и балет

20250206165003 Big 730x400 33.webp.webp

Ремек-делото на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе вечер на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот, информираат од оваа установа.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Јане Бакевски.


Приказната за страста, љубовта и трагедијата на сцената ќе ја изведат: Христина Наќевска Митрашиновиќ во улогата на Есмералда, Франциско Хименес Руиз од Шпанија во улогата на Феб, Наташа Трендафилова Гицев во улогата на Флер де Лис, заедно со првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

– Балетот „Есмералда“, познат по својата техничка сложеност, ги истражува длабочините на човечките емоции, додека истовремено нуди спектакуларни танцови изведби што го задржуваат вниманието на публиката. Оваa изведба ќе создаде незаборавно балетско искуство и ќе ги поттикне гледачите да размислуваат за судбината, љубовта и жртвите што ги носи животот, наведуваат од установата во соопштението.

Можете да прочитате

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани со по 1000 денари за помали сметки за струја

Владата тргнува во разрешување на државниот обвинител Коцевски