Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и нивните функционери ги користеа проектите на УСАИД, а сега ликуваат за затворањето на агенцијата

Usaid.jpg

Додека целиот свет е во шок поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги блокира средствата на Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, одредени функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ како да се радосни што агенцијата прекинува со поддршката за македонското општество.

Во 2019 година, американските организации УСАИД и НДИ одржаа обуки токму за ВМРО-ДПМНЕ со цел планирање на стратегијата на партијата за иднината. Семинарите за раководството на партијата беа отворени од актуелниот премиер Христијан Мицкоски, а се обучуваше целото раководство на партијата.


Пред само 2 месеца во Вашингтон, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски беше на официјална средба со раководството на УСАИД, а и самиот министер работел како специјалист за дигитален маркетинг во USAID/OTI Macedonia Support Initiative 2.

Еден од тие кои сега ја критикуваат УСАИД, а во минатото ги користел нивните проекти е и поранешниот премиер Никола Груевски. Груевски во 2003 година бил ангажиран како советник на министерот за финансии на Србија преку проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетот на српското Министерство за финансии и пренесување на искуствата од земјите во транзиција во Србија.

Во 2002 година, додека Груевски беше министер за финансии, тој исто така соработуваше со УСАИД обезбедувајќи грант за развој на приватниот сектор, а поддршката од УСАИД не запре и додека Груевски беше премиер.

Во 2006 година, токму УСАИД беше организацијата која го спроведуваше проектот „Македонија сурфа“ со кој земјава стана првата безжична држава во светот, обезбедувајќи покриеност со безжичен интернет на целата територија.

Во следните години УСАИД помогна и за реновирање на основните училишта во земјава, но и за нивно опремување со ИТ опрема.

Можете да прочитате

Мицкоски ја руши потрошувачката кошничка, за да не ја покачи минималната плата, велат од СДСМ

СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството

„Од Соравија ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50 – те милиони солидарен данок што треба да се врати на компаниите