Утрински Весник
Свет

Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Tramp34.jpg
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи насоки, прописи и правни толкувања, а Трамп ја потпиша опкружен со деца.

Републиканците велат дека ова ја враќа правичноста кон спортот. Регулативата, која стапува на сила веднаш, во голема мера ги опфаќа средните училишта, универзитетите и масовниот спорт. Голем број спортски управни тела, вклучително и пливање, атлетика и голф, веќе им забранија на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спорт на елитното ниво доколку поминале низ машки пубертет.


Регулативата го овластува Министерството за образование да испита како образовните институции го спроведуваат, законот на САД кој забранува полова дискриминација во образовните програми финансирани од федерално ниво.

„Ако дозволите мажи да влезат во женски спортски тимови или ги окупираат вашите соблекувални, ќе бидете под истрага за прекршување на законот и ќе го ризикувате вашето федерално финансирање“, објасни Трамп.

Претставник на администрацијата на Трамп потврди дека Соединетите Држави ќе направат се што можат за да ги спречат трансродовите жени да се натпреваруваат против жени на натпреварите на Меѓународниот олимписки комитет што се одржуваат на американско тло.

Трамп прецизираше дека регулативата ќе важи и за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Белата куќа соопшти дека оваа регулатива е во согласност со желбите на американскиот народ и ќе обезбеди правичност за жените во спортот, како и нивна безбедност.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште