Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Кузеска се фабрика за лажни вести

Vmro 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС секојдневно се повеќе тоне во сопственото политичко мочуриште.


СДС е фабрика за лажни вести, а освен што лаже и манипулира, злоупотребува и податоци со доверлива содржина.

СДС и Кузеска манипулираат со јавноста. Работните места во Агенцијата за национална безбедност се класифицирана информација, а  информациите кои Кузеска ги сподели се лажни.

Кузеска  пред да почне да лаже и обвинува треба да знае дека Љупчо Андоновски како советник на Претседателот на Владата има повеќе од 35 години работно искуство на највисоките позиции кои се однесуваат на безбедноста на државата.

За разлика од СДС и Кузеска кои ја уништија и  уназадија државата, Андоновски бил вклучен во најзначајните моменти за градењето на независна и самостојна Македонија, од 1991вата, 2001вата, но и етаблирањето на македонските безбедносни институции.

Андоновски е квалификуван, има кредибилитет и е докажан во својата област. Неговиот бекграунд доволно говори за неговите достигнувања.

Андоновски е Магистер на науки е од областа на безбедноста, со специјалност на меѓународната соработка во спречувањето на транснационалниот тероризам, признат и респектиран од сите стратешки партнери на Македонија.

Можете да прочитате

Приведен е поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески – се товари за четири кривични дела

Доктор Лазаров алармира: Акушерка од соседна држава доаѓа во Македонија и пораѓа жени дома

Поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески на распит во полициска станица