Утрински Весник
Свет

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје

Google.webp.webp
Dik 300x250 mk

Американската компанија „Гугл“ веќе не ја исклучува можноста за користење вештачка интелигенција (ВИ) за развој на оружје и системи за надзор, објави нејзината матична компанија „Алфабет“.

Потпретседателот на „Гугл“, Џејмс Мањика и извршниот директор на „Дипмајнд“ (DeepMind), Демис Хасабис ја објаснуваат одлуката, со тоа дека е важно приватните компании да соработуваат со демократските влади за да се осигураат дека ВИ-технологијата помага во одржувањето на националната безбедност, јави „Би-би-си“.


„Гугл“ тврди дека нивните претходни правила од 2018 година се застарени, бидејќи „ВИ оттогаш се развила и станала составен дел од секојдневниот живот“, како мобилните телефони и интернетот.

Можете да прочитате

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили