Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дрзок непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник

Bogdanka Kuzeska Pres.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,


Непотизам царува во Владата на Мицкоски.

Безочно и бес осет, континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа, на грбот на граѓаните.

Последен е скандалозниот случај со  Љупчо Андоновски,  татко на  министерот за дигитална трансформација во Владата – Стефан Андоновски.

Таткото на министерот Стефан, Мицкоски си го назначил за негов советник во Владата.

Братот пак на министерот Стефан, Игор Андоновски, е нзаначен за началник на одделот на АНБ за град Скопје пред неколку месеци.

Значи едниот син министер во Владата на Мицкоски, другиот началник во АНБ а таткото Советник во Влада.

Ова е класичен пример на непотизам и судир на интереси. Ова е срам и навреда за граѓаните.

Бараме Државната комисија за спречување на корупцијата итно да отвори предмет и да постапи.

Додека илјадници млади и способни луѓе заминуваат од државата во потрага по работа, високите позиции во институциите се резервирани исклучиво за роднините на сегашните и поранешните функционери на ДПМНЕ.

Нели ДПМНЕ ветуваше пред граѓаните дека ќе нема непотизам, дека ќе има департизација и дека нема со врски да се вработува.

Епа еве,  се погазија.

Додека младите се иселуваат од државата барајќи добра работа и мерит систем, партискиот непотизам царува во владата на Мицкоски.

Ова уште еднаш ја покажува вистинската природа на оваа власт – наместо компетентност и заслуги, пресудни критериуми за добивање работа и функции се семејните и партиските врски, однос неспособноста.

Затоа, бареме и очекуваме Антикорупциската комисија во најбрз можен рок да постапи во согласност со своите надлежности и да ја заштити државата од вакви скандалозни злоупотреби.

Македонија мора да биде праведна и правна држава, а не држава на непотизам и корупција!

Можете да прочитате

Се повеќе деца заболени од варичела во Куманово

ОЈО за акцијата на МВР: Извршени се претреси на 16 локации

Уставниот суд го поништи Законот за данок за солидарност – државата сега е должна да врати 50 милиони евра на 156 компании