Утрински Весник
Македонија

Бубевски: Случајот „Онкологија“ е најтежок во моментов, се чека вештачењето од Словенија

Img 1864.png

Случајот „Онкологија“ е најтежок во моментов во Обвинителството, бидејќи во прашање се многу човечки судбини, изјави вечерва шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје во гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој објасни дека истрагата опфаќа повеќе кривични дела и се води во неколку насоки, но вештачењето од Словенија сè уште не е пристигнато поради обемната документација. Бидејќи во Македонија нема вешти лица што можат да го изработат ова вештачење, тоа дополнително ја пролонгира постапката.


„Обвинителството ќе ги казни сите оние што презеле дејствија што не смееле да ги преземат, како и оние што не направиле нешто што требало да направат. Вештачењата ќе помогнат во оваа насока, а детали ќе бидат презентирани кога ќе имаме соодветен обвинителски акт“, изјави тој.

Тој нагласи дека иако казнувањето на одговорните е важно, тоа нема да го реши проблемот во онкологијата. „Мојот апел е да се соберат сите релевантни авторитети – политички и здравствени – да се остават настрана суетите и да се најде системско решение за пациентите“, порача шефот на ОЈО Скопје.

Можете да прочитате

Косовец јавно раскажува како поминал со 50 евра мито во Македонија – „Ќе изедевме 500 евра казна“

Аеродромец паднал во кујна и се повредил со нож

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет