Утрински Весник
Македонија

Бешлиовска: Итно вработување на медицинските сестри – здравствениот систем е во криза

Img 2554.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во време кога земјата се соочува со недостиг на медицински сестри и техничари, нивното отпуштање е несериозно и нехумано, предупреди денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Унијата што ја предводи Здружението „За нас“.

Таа на прес-конференција побара итно вработување на медицинските сестри и техничари кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување. Според неа, 120 нивни колеги, кои шест или седум години работеле со договор на дело, останале без работа откако Општата болница Прилеп еднострано им ги раскинала договорите, а на нивно место дошле нови кадри.


„Некои од медицинските сестри се приморани да бараат работа по бутици. Оваа професија се работи од љубов кон животот и пациентите, а нејзиното запоставување ќе остави катастрофални последици врз здравствениот систем“, истакна Бешлиовска.

Таа апелираше да престане поделбата на медицинските сестри по политички, образовни, полови, возрасни или етнички линии. Според неа, критериумите за нивната работа треба да бидат исклучиво професионализмот и емпатијата.

„Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата. Време е да се најде системско решение во интерес на сите“, порача Бешлиовска.

Можете да прочитате

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи

Николовски: ИПАРД програмата официјално стопирана во Македонија