Утрински Весник
Македонија

Димитријевиќ: Целта на СДСМ за локалните избори, подобри резултати од минатото

Img 2518.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новопоставениот генерален секретар на СДСМ, Димитар Димитријевиќ, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 истакна дека очекува подобри резултати на локалните избори во споредба со минатото.

„Секако дека подобар резултат од тоа што го имавме во минатото,“ рече тој, додавајќи дека очекува напредок како во однос на минатите локални, така и на парламентарните избори.


Во однос на анкетите кои покажуваат значителна предност на ВМРО-ДПМНЕ, Димитријевиќ истакна дека граѓаните веќе се свесни за „хаотичните состојби“ во Град Скопје, кои според него, се резултат на препукувањата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска.

Кога станува збор за изборот на кандидати, СДСМ планира јавни расправи со членството и симпатизерите за да ги идентификува најдобрите кандидати. Конечните имиња, според Димитријевиќ, ќе бидат објавени кон крајот на април или почетокот на мај.

На прашањето дали актуелните градоначалници на СДСМ ќе добијат нова шанса, тој изјави дека одлуките ќе се базираат на поддршката од членството и рејтингот на кандидатите, со цел да се избегнат грешките од минатите избори.

„СДСМ ги научи лекциите од минатото и ќе ги поправиме сите недостатоци во оваа изборна трка,“ рече Димитријевиќ, истакнувајќи дека Струмица и Центар остануваат клучни општини за партијата.

Димитријевиќ ги демантираше шпекулациите за внатрешни несогласувања во партијата, вклучувајќи го и случајот со струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Според него, СДСМ ќе излезе со општоприфатени кандидати во сите општини.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата