Утрински Весник
Свет

Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите

20250203164812 Big 730x400 66.webp.webp

Цената на кафето арабика продолжува да расте осми ден по ред достигнаувајќи го денеска својот историски максимум, како последица на намалените испораки и во пресрет на веројатното намалување на жетвата во Бразил во 2025 година предизвикано од топлото и суво време.

Од почетокот на годината цената на арабиката порасна за 21 отсто.


Фјучерсите за сортата арабика на берзата International Exchange Inc. (ICE) утринава пораснаа за 2,4 отсто до $3,87 долари за фунта (0.4 килограми), претходно за време на тргувањето достигнувајќи историски врв од 3,88 долари.

Во меѓувреме, земјоделците во Бразил го чуваат родот непродаден, надевајќи се на натамошен раст на цените на зрната во услови на неизвесни прогнози за жетвата оваа сезона.

Според ICE, заклучно со 31 јануари, резервите на сертифицирана арабика изнесуваа 867.582 вреќи, што е за 11,5 отсто помалку споредбено со крајот на 2024 година.

Цената на поевтината сорта, робуста, се намали за 0,9 отсто на 5.668 долари за метричики тон.

Можете да прочитате

Стотици мексикански војници распоредени долж границата со САД како дел од договорот за привремено суспендирање на американските царини

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина