Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со анкети за кандидати за градоначалници, најави Мицкоски

01022025 Mickoski 1.jpg

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, посочи денеска од Кочани премиерот Христијан Мицкоски.

„Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности. Како претседател на партијата и на Извршниот комитет, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети“ рече Мицкоски.


Локалните избори треба да се одржат во месец октомври.

Можете да прочитате

Шекеринска: Во НАТО сме на масата, сакам да бидеме и на сите други важни маси

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција