Утрински Весник
Македонија

ВМРО-НП повика на бојкот на концертите на пејачите и групите од екс Југославија

Vmro Np1 1024x536 1.jpg

ВМРО Народна партија повика покрај бојкот на маркетите, да се бојкотираат и концертите на музичките групи и соло пејачите кои доаѓаат од просторите на екс Југославија.

Според нив, билетите за овие концерти сериозно поскапеле во последната година.


„Економската комисија на ВМРО-Народна партија констатира дека во последната година имаме драстично поскапување на музичките услуги, а со тоа како на концертните така и на билетите по дискотеките на сите музички групи од поранешна Југославија кои доаѓаат во нашата држава и притоа ги преполнуваат дискотеките и концертните сали. За настап во дискотека на група или пејач од бивша Југославија цената се движи околу 30.000 евра. Затоа ВМРО-Народна партија предлага кон општиот бојкот на македонските маркети да се додаде и бојкотот на сите овие настапи. На тој начин, македонскиот потрошувач не само што лично ќе заштеди повеќе средства, туку и ќе им помогне на македонската музика и на македонската економија во целина“, соопшти ВМРО-Народна партија“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Огнот проголта 20 дуќани во Шуто Оризари – зад себе остави само пепел

Зел 7.500 па побарал уште 10.000 евра мито, се бара притвор за помошник директорот во Царина

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност