Утрински Весник
Македонија

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ, долгогодишен дел од македонското новинарство

Whatsapp Image 2025 01 31 At 10.11.44.jpeg

По кратко боледување, денеска во Скопје, на 42-годишна возраст, почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Томиќ беше истакнат новинар и долгогодишен дел од македонската медиумска сцена. Од 2007 до 2018 година работеше како уредник во информативната редакција на Канал 5, каде што со својата посветеност и професионализам даде значаен придонес во известувањето за надворешната политика.


Колегите и пријателите ќе го паметат како професионалец со остар новинарски дух, но и како човек со исклучителна другарска природа, кој секогаш беше подготвен да помогне. Неговото заминување претставува голема загуба за македонското новинарство.

Можете да прочитате

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Следуваат поројни дождови, грмежи и силен ветер!

Министерот за животна средина отсутен, новинарите го бараа на вонредниот пресс

‘Дали ми е срам? Не’ вели Тошковски за катастрофалните пожари