Утрински Весник
Македонија

СДСМ бара максимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина, бараме правда и поголема безбедност на улиците

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ изразува длабоко жалење и сочуство кон семејството на трагично загинатата Фросина. Овој шокантен настан уште еднаш ја покажува сериозноста на проблемот со безбедноста на улиците и потребата за итно и решително дејствување од страна на институциите.


СДСМ бара максимална казна за сторителот во брза и транспарентна постапка. Го поддржуваме револтот на граѓаните и нивните барања за правда и поголема безбедност. Во знак на солидарност Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ќе се приклучи на протестот. 

Протестите се легитимно право на народот да изрази незадоволство и барање за одговорност од оние што не си ја извршиле својата должност.

Владата и Министерството за внатрешни работи мора итно да преземат конкретни мерки за подобрување на безбедноста на улиците. Не смееме да дозволиме нови трагедии поради институционална небрежност. 

Ги повикуваме сите надлежни органи да дејствуваат дејствуваат без одложување и да обезбедат правда за жртвата и нејзиното семејство. Време е за одговорност.

Можете да прочитате

Гусар за случајот на Ивана и Катја: Жртвите „врескале“ за помош, насилникот не бил „непознат“ за МВР, но никој не мрднал со прст!

Кога има пријави со месеци, а нема реакција – нешто стои зад тоа вели Гусар

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026