Утрински Весник
Македонија

Отворање на ЕДИХ – прв европски дигитален иновациски хаб во државава

20250130163558 Big 730x400 96.webp.webp

Во Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје денеска ќе биде отворен прв европски дигитален иновациски хаб во Северна Македонија – ЕДИХ.

Како што е најавено, на свеченото отворање на ЕДИХ поздравни говори ќе имаат министрите за образование и наука и за дигитална трансформација, Весна Јаневска и Стефан Андоновски, ректорката на Скопскиот универзитет, Биљана Ангелова и професорот од ФЕИТ,  Димитар Ташковски.


Во рамки на настанот ќе се одржи и панел-дискусија на тема: „Улогата на европските дигитални иновациски хабови во дигиталната трансформација на општеството“.

Можете да прочитате

АА: Зошто се молчи за децата примени во тетовската болница?

За два дена 139 деца донесени во Тетовската болница, 12 се хоспитализирани

Муцунски за „The Jerusalem Post” од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот