Утрински Весник
Македонија

УСС-УКИМ бара дополнителните трошоци на некои факултети да не бидат товар на студентите, бараат итна средба со министерката Јаневска

20250130082312 Big 730x400 36.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС-УКИМ) смета дека воведувањето на дополнителни трошоци за материјални и онлајн ресурси на некои факултети не треба да бидат на товар на студентите. Во денешното соопштение се наведува дека ќе се бара итен состанок со министерката за образование и наука Весна Јаневска, со цел во најбрз можен рок дополнителните трошоци да бидат надоместени од државниот Буџет, како што е предвидено согласно Законот.

– Според член 123, став 5 од Законот за високо образование „(5) тековните трошоци – комунални трошоци, одржување, опрема и потрошен материјал за реализација на студиските програми и за работењето на високообразовната установа – на јавните високообразовни установи во целост се надоместуваат од Буџетот на Република Македонија – посочуваат од Универзитетското студентско собрание при УКИМ.


На состанокот што бил одржан по овој повод присуствувале раководството на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, студентската правобранителка и претседателите на факултетските студентски собранија на Медицинскиот, Филозофскиот, Филолошкиот, Економскиот, Правниот, Природно-математичкиот, Машинскиот, Архитектонскиот и Градежниот, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, како и замениците-студентски правобранители од Економскиот, Правниот и Градежниот факултет.

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника