Утрински Весник
Македонија

ЕСМ бара поскапување на парното

Parno.jpg

ЕСМ бара да се зголеми цената на парното. Минатиот месец поднеле барање до регулаторна со образложение дека имаат поголеми трошоци за гас.

„Со поднесеното барање Друштвото бара зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92 проценти“, пишува во документот.


Регулаторната комисија за енергетика во наредните денови ќе закаже состанок за да се разгледа барањето на ЕСМ. Оттаму велат одлука ќе има набрзо.

Од ЕСМ за Сител велат дека „е настаната значителна промена на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија, односно зголемена е цената на природен гас во тек на грејната сезона“.

Опозициската СДСМ побара ЕСМ да го повлече барањето.

„Поскапување на парното би било уште еден удар врз стандардот на граѓаните. Од друга страна е лошо и во однос на загадувањето на воздухот. Власта треба да ја намали цената на парното за да ги стимулира граѓаните да се вратат и повеќе да се приклучат на парно“ – изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Парното лани во август поевтини за околу 3%.

На системот се приклучени околу 63 илјади домаќинства.

Можете да прочитате

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари!

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза