Утрински Весник
Македонија

Власта ќе бојкотира против власта – потребни се итни законски решенија против алчноста на трговците

Levica Logo Crveno Transparent.png

Соопштение на Левица:

Левица ја искажува својата поддршка за најавениот бојкот кон маркетите, што е своевидна кулминација на неспособноста на власта да стави крај на алчноста на трговците!


Народот заслужува праведна економија, а не да биде заложник на монополи и профитерство. Сметаме дека бојкотот е легитимна форма на граѓански притисок, особено кога се соочуваме со манипулативно однесување на крупниот капитал и трговските монополи. Она што го видовме во Хрватска е пример за тоа како организираниот отпор може да предизвика реакција од трговците.

Потенцираме дека одговорноста целосно лежи во Владата, која е должна да изнајде долгорочни решенија за заштита на куповната моќ и регулирање на цените. Но, досега гледаме како власта предводена од Мицкоски е во директна спрега со крупниот капитал, чие богатење на грбот на граѓаните во континуитет го толерира.

Наместо да глуми опозиција и да бојкотира, ДПМНЕ треба да понесе одговорност и веднаш да ги ограничи маржите!

Иако Законот за нефер трговски практики беше чекор напред, истиот очигледно е недоволен и неправилно се имплементира. Затоа сметаме дека бојкотот може да делува како сигнал до трговците, но и до власта, дека граѓаните се незадоволни и свесни за манипулациите.

Сепак, без системски мерки од страна на Владата, како воведување на поголеми даночни обврски за монополи, контрола на маржите и заштита на домашното производство, бојкотот ќе биде само привремено решение.

Можете да прочитате

Дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител

Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

За една недела, нови 1.878 случаи на грип