Утрински Весник
Економија

Парното во Скопје да поскапи, бара ЕСМ

Parno.jpg

Парното во Скопје да поскапи бара Електрани на Северна Македонија.

Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија „ЕСМ Дистрибуција на Топлина“ Скопје поднесе барање до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со отпад за зголемување на максималниот регулиран приход и цената за 2024 година.


Според поднесеното барање, ЕСМ бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија, кој за 2024 година изнесува 1.723.922.246 денари, како и на предадените количини на топлинска енергија од 472.622.547 kWh. Компанијата дополнително бара зголемување на трошоците за гориво за 2024 година за 12,92%.

Регулаторната комисија повикува сите заинтересирани правни и физички лица да ги достават своите мислења и предлози во врска со ова барање најдоцна до 28 јануари 2025 година до 12:00 часот. Предлозите може да се достават преку е-пошта (erc@erc.org.mk), факс (02/ 32 33 586), или на адреса (ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков, 6-ти спрат, 1000 Скопје).

Целта на ова барање е усогласување на трошоците и количините на топлинска енергија за тековната година, во согласност со финансиските проекции на ЕСМ. Решението за барањето ќе биде донесено по разгледување на сите пристигнати предлози и мислења.

Можете да прочитате

 Петок е, убав ден за бојкот на маркети

(Фото) Македонија утре ќе бојкотира маркети, еве што за тоа мислат читателите

Тренчевска до Мицкоски: Ги оставивте работниците на маргините, зошто не прифаќате минимална плата од 500 евра?